Вашиот тим евидентира што се случило. Ние ги земаме истите бројки и Ви кажуваме што значат, каде е ризикот и што да направите следно. Месечно, со извештаи што се контролираат пред да ги видите.
Цени, вработување, инвестиции: одлучувате по чувство затоа што податоците ги немате навреме.
Подобро или полошо, без јасна причина.
Или само повеќе работа и повеќе обврски.
Не само што се случило — туку што следи.
Секој месец ги претвораме бројките во јасна слика: каде заработувате, каде губите и што да направите следно.
Четири дела што одат заедно секој месец, плус список на ограничувања — дел од секој извештај, не додаток.
Приходи, директни трошоци, бруто маржа, оперативни трошоци, нето резултат. По канал + консолидирано, за да видите кој дел од бизнисот навистина заработува.
Позиции на актива и пасива низ периодите. Гледате како позицијата се движи, не само каде е денес.
Почетно салдо, сите влезови и излези, крајно салдо, со тримесечен хоризонт нанапред. Усогласувањето мора да затвора — ако не затвора, извештајот прикажува разлики.
Бруто и EBIT маржа, тековна и брза ликвидност, долг/капитал, покриеност на камати, DSO (денови наплата), DIO (денови залихи), DPO (денови плаќање). Не само бројка, туку и што тие значат.
Кога во податоците има нешто што влијае на бројките, тоа не го криеме — го пишуваме, заедно со тоа што треба да се направи.
Така знаете точно колку може да се потпрете на секоја бројка — и што прво треба да се среди.
Еднаш месечно поминуваме низ резултатите заедно — што покажуваат извештаите, што било потребно, и што треба да се направи до следниот месец.
Мапирање на трошоците по категорија и по канал, со алокациски клучеви. Нацрт на финансиска процедура. Прилагодување на шаблонот на Вашата структура.
Месечни извештаи, месечна сесија, корекции на шаблоните по потреба. Ритамот се воспоставува.
Сите извештаи течат. Процедурата е усвоена. Фокусот се префрла на квалитет на коментарот и стратешки увид.
Стандардниот пакет работи сам. Додатоците се вклучуваат кога Вашиот бизнис ги бара — не пред тоа.
Преглед на побарувања по купувач и по фактура, стареење на долгот, приоритет за наплата.
Што седи, колку долго, што се движи бавно — залихите како врзана готовина.
Бруто маржа по артикл и по клиент — кој производ и кој клиент навистина носи профит.
Ако сакате секој месец да гледате план наспроти остварено, прво го изработуваме буџетот заедно со Вас — еднократно. Потоа тој влегува во месечниот извештај и споредбата тече сама.
Кликнете низ петте дела и погледнете што точно добивате секој месец.
Секој ред е збир на движењата од сите периоди.
| Ставка | Мај 26 | Јун 26 | Јул 26 | Авг 26 | Вкупно |
|---|---|---|---|---|---|
| Приходи | 2.180.000 | 2.640.000 | 2.410.000 | 2.950.000 | 10.180.000 |
| Набавна вредност | (1.282.000) | (1.624.000) | (1.444.000) | (1.682.000) | (6.032.000) |
| Бруто добивка | 898.000 | 1.016.000 | 966.000 | 1.268.000 | 4.148.000 |
| бруто маржа | 41,2% | 38,5% | 40,1% | 43,0% | 40,7% |
| Оперативни расходи | |||||
| Плати и надоместоци | (380.000) | (380.000) | (392.000) | (392.000) | (1.544.000) |
| Кирија | (85.000) | (85.000) | (85.000) | (85.000) | (340.000) |
| Режии и комунални | (42.000) | (38.000) | (51.000) | (47.000) | (178.000) |
| Транспорт и логистика | (96.000) | (118.000) | (104.000) | (129.000) | (447.000) |
| Маркетинг | (45.000) | (62.000) | (38.000) | (55.000) | (200.000) |
| Останати оперативни | (112.000) | (98.000) | (121.000) | (106.000) | (437.000) |
| Вкупно оперативни | (760.000) | (781.000) | (791.000) | (814.000) | (3.146.000) |
| EBIT | 138.000 | 235.000 | 175.000 | 454.000 | 1.002.000 |
| EBIT маржа | 6,3% | 8,9% | 7,3% | 15,4% | 9,8% |
| Финансиски расходи | (18.000) | (17.000) | (17.000) | (16.000) | (68.000) |
| Нето резултат | 120.000 | 218.000 | 158.000 | 438.000 | 934.000 |
Билансот е позиција, не збир — нема колона „Вкупно". Читате низ редот за да видите како позицијата се движи.
| Позиција | Мај 26 | Јун 26 ⚠ | Јул 26 ⚠ | Авг 26 ‡ |
|---|---|---|---|---|
| Средства — постојани | ||||
| Опрема и транспортни средства | 1.420.000 | 1.402.000 | 1.384.000 | 1.366.000 |
| Акумулирана амортизација | (480.000) | (498.000) | (516.000) | (534.000) |
| Вкупно постојани | 940.000 | 904.000 | 868.000 | 832.000 |
| Средства — тековни | ||||
| Залихи | 1.640.000 | 1.820.000 | 1.710.000 | 1.950.000 |
| Побарувања од купувачи | 6.200.000 | 6.831.000 | 6.998.000 | 6.766.000 |
| Парични средства | 340.000 | 285.000 | 520.000 | 880.000 |
| Вкупно тековни | 8.180.000 | 8.936.000 | 9.228.000 | 9.596.000 |
| Вкупно средства | 9.120.000 | 9.840.000 | 10.096.000 | 10.428.000 |
| Обврски | ||||
| Обврски кон добавувачи | 4.100.000 | 4.699.000 | 4.894.000 | 4.885.000 |
| Кредити — долгорочни | 1.280.000 | 1.248.000 | 1.216.000 | 1.184.000 |
| Кредити — краткорочни | 820.000 | 755.000 | 690.000 | 625.000 |
| Вкупно обврски | 6.200.000 | 6.702.000 | 6.800.000 | 6.694.000 |
| Капитал | 2.920.000 | 3.138.000 | 3.296.000 | 3.734.000 |
Три активности со сопствени подзбирови. Усогласувањето мора да затвора.
| Ставка | Мај 26 | Јун 26 | Јул 26 | Авг 26 | Вкупно |
|---|---|---|---|---|---|
| Оперативни активности | |||||
| Наплата од купувачи | 2.109.000 | 2.028.000 | 2.326.000 | 3.294.000 | 9.757.000 |
| Плаќања кон добавувачи | (1.222.000) | (1.205.000) | (1.139.000) | (1.931.000) | (5.497.000) |
| Нето плати | (256.000) | (256.000) | (264.000) | (264.000) | (1.040.000) |
| Даноци и придонеси | (124.000) | (124.000) | (128.000) | (128.000) | (504.000) |
| Останати оперативни плаќања | (380.000) | (401.000) | (399.000) | (422.000) | (1.602.000) |
| ДДВ и данок на добивка | (85.000) | — | (64.000) | (92.000) | (241.000) |
| Подзбир — оперативни | 42.000 | 42.000 | 332.000 | 457.000 | 873.000 |
| Инвестициски активности | |||||
| Нема настани во периодот | — | — | — | — | — |
| Подзбир — инвестициски | — | — | — | — | — |
| Финансиски активности | |||||
| Отплата на долгорочни кредити | (32.000) | (32.000) | (32.000) | (32.000) | (128.000) |
| Отплата на краткорочни кредити | (65.000) | (65.000) | (65.000) | (65.000) | (260.000) |
| Подзбир — финансиски | (97.000) | (97.000) | (97.000) | (97.000) | (388.000) |
| Почетно салдо | 395.000 | 340.000 | 285.000 | 520.000 | 395.000 |
| Нето промена | (55.000) | (55.000) | 235.000 | 360.000 | 485.000 |
| Крајно салдо | 340.000 | 285.000 | 520.000 | 880.000 | 880.000 |
| ✓ Усогласувањето затвора | |||||
Секој показател со дефиниција — не само бројка.
| Показател | Мај 26 | Јун 26 | Јул 26 | Авг 26 | Дефиниција |
|---|---|---|---|---|---|
| Бруто маржа | 41,2% | 38,5% | 40,1% | 43,0% | Бруто добивка / приходи |
| EBIT маржа | 6,3% | 8,9% | 7,3% | 15,4% | Оперативен резултат / приходи |
| Тековна ликвидност | 1,66 | 1,64 | 1,65 | 1,74 | Тековни средства / краткорочни обврски |
| Брза ликвидност | 1,33 | 1,30 | 1,35 | 1,39 | (Тековни − залихи) / краткорочни обврски |
| Долг / Капитал | 2,12 | 2,14 | 2,06 | 1,79 | Вкупни обврски / капитал |
| Покриеност на камати | 7,7 | 13,8 | 10,3 | 28,4 | EBIT / финансиски расходи |
| DSO — денови наплата | 88 | 78 | 90 | 71 | Побарувања / приходи × денови |
| DIO — денови залихи | 40 | 34 | 37 | 36 | Залихи / набавна вредност × денови |
| DPO — денови плаќање | 99 | 87 | 105 | 90 | Обврски кон добавувачи / набавна вредност × денови |
Што забележавме во податоците и што значи тоа за Вас.
| Што забележавме | Што значи за Вас | Што да се направи |
|---|---|---|
| Дел од сметките не се усогласени со изворните податоци | Бројките се прикажани, но не се потврдени до крај | Пред поголема одлука, побарајте потврда од сметководство за тие ставки |
| Една приходна ставка е концентрирана во еден месец | Не е грешка — но не е ни редовен приход | Не планирајте буџет со таа ставка како повторлива |
| Една позиција нема потврдена почетна состојба | Прикажано е движењето за периодот, не вкупната позиција | Се разрешува со отворање на состојбата од претходната година |
| Побарувањата растат побрзо од приходите во два месеца | Продавате повеќе, но парите доцнат | Приоритет на наплата пред нова продажба |
Ова не е грешка во извештајот. Ова е извештајот што Ви кажува каде да не се потпирате слепо на бројката.
Краток разговор — што имате сега, што недостасува и дали воопшто Ви треба ваков ангажман. Ако не Ви треба, ќе Ви кажеме.