Консултантска компанија чиј метод е да влезе во бизнисот и да работи рамо до рамо со сопственикот и тимот — со ред, бројки и системи што остануваат.
Не работиме со примери и не оставаме презентација. Работиме со Вашите вистински бројки, Вашите вистински клиенти и Вашите вистински документи.
Не сè одеднаш. Прво мериме каде застанува бизнисот, па работиме таму каде ефектот е најголем.
Ова е суштината. Не ја работиме работата наместо Вас: ја работиме со Вас, и Ве учиме како се прави. Кога ќе завршиме, знаењето и системот остануваат кај Вас — не кај нас.
Дане Тодоровски има над 15 години практично искуство во водење бизниси — на C-level раководни позиции низ повеќе индустрии, како претприемач што градел сопствени бизниси, и како советник на десетици мали и средни компании. Токму затоа Бизнис Клиника не советува од страна: работи од позиција на некој што седел во столот на сопственикот и ги знае одлуките што не чекаат. Зад сето тоа стои искрена страст кон бизнисот — кон тоа да се направи бизнис што работи, расте и вреди.
Даниел Поп-Иванов ја носи финансиската страна на Бизнис Клиника. Со искуство во финансиско планирање, буџетирање, известување и управување со средства во комплексни организации, тој ги претвора бројките во јасност со која сопственикот носи одлуки. Формално образован во финансиско управување, работи на тоа финансиите да престанат да бидат магла — маржи, готовина и план што се гледаат навреме.
Влегуваме во бизнисот, ги идентификуваме клучните проблеми и градиме ред што останува.
Објективна и системска процена на вистинските проблеми.
Точно знаеме на што работиме и што е очекуваниот исход.
41 работен документ и системски основи што продолжувате да ги користите и откако ќе завршиме.
Не работиме со примери. Работиме само со вистински податоци.
Работиме директно со Вас и тимот, не само во советување.
Од еднократна интервенција до постојана поддршка. Онолку колку што е потребно за Вашиот успех.
Секој клиент добива свој пристап до апликацијата на Бизнис Клиника — задачи со рокови, распоред на сесиите, сите материјали, и извештаите од проверките на бизнисот.
Ништо не се губи во мејлови. И по завршувањето, сè останува достапно.
Фиксна интервенција, 14 дена еден-на-еден.
Погледнете → ПрограмаПред излез или преземање — да ја задржите вредноста.
Погледнете → УслугаМесечен ангажман — извештаи, показатели, сесија.
Истражете → УслугаПомалку рачна работа, повеќе време.
Истражете →Кратка средба за да разбереме што Ви треба — и да Ви кажеме искрено дали воопшто можеме да помогнеме.