Програма

Програма за независност во бизнис

Фиксна интервенција директно во бизнисот. Работиме детално низ шест области, ги средуваме заедно со Вас, и Ви оставаме системи и алатки што остануваат — за бизнис што повеќе не зависи од Вас.

Видете ги темите
6модули
14дена
42часа
1 на 1со Вас
Започнеме

Програмата не почнува со предавање.

Почнува со двочасовно интервју за Вашиот бизнис — како работи, каде застанува, што веќе сте пробале.

Оттаму добивате детална проверка на бизнисот — далеку пообемна од бесплатната: пет домени, извештај од над 17 страници со наоди, слаби точки и приоритети.

Тој извештај е почетната точка на програмата. На крајот проверката се повторува, па црно на бело се гледа што се променило.

За кого е

Постоечки бизнис — за профитабилност и независност.

Програмата е наменета за сопственици на бизниси постари од 2 години, со до 50 вработени — услуги или производство. Целта е двојна: подобрена профитабилност и бизнис што работи без сè да минува низ Вас. Работиме практично, на конкретни документи и на самиот бизнис.

✓ Постоечки бизнис (2+ години)

Не идеја во стартап фаза, туку бизнис што веќе работи и веќе има свои шеми.

✓ До 50 вработени

Услуги или производство. Мали и средни, каде сопственикот сè уште е тесното грло.

✓ Профитабилност и независност

Не теорија, туку конкретни документи и работа на самиот бизнис.

Не е проблем мотивација. Проблемот е што целиот систем сте Вие.

Затоа не почнуваме со совети — почнуваме со мерење.

Патот низ програмата

Шест модули — од стратешки профил до систем што работи без Вас.

01

Големата слика

Ден 1–2

Почнуваме со симулација „Денот кога Ве нема" — што се случува ако утре исчезнете на 30 дена. Оттаму ги вадиме 3-те клучни проблеми и со „5 Зошто" доаѓаме до коренот. Потоа визија, мисија и 3 стратешки цели. Исход: стратешки профил на 1 страница.

02

Водење и тим

Ден 3–4

Излез од замката „специјалист-раководител". Идентификуваме „втор човек" — клучен вработен што постепено презема 60–80% од Вашиот оперативен товар. Знаењето од глава оди во пишани процедури, плус матрица на овластувања: кој што може да одобри без Вас.

03

Пазар

Ден 5–6

Што продавате, кому и зошто купуваат од Вас. Парето анализа врз Вашите реални податоци — кои производи и клиенти навистина носат резултат. Ризик од концентрација: што ако најголемиот клиент замине.

04

Финансии

Ден 7–8

Читање финансиски извештаи без позадина во финансии. Формирање цени, точка на рентабилност со Вашите бројки, маржа по производ и по клиент. Готовински тек како алатка за одлуки — 13-неделен поглед нанапред. Контрола: 5–7 бројки што месечно кажуваат дали бизнисот оди во добра насока.

05

Маркетинг и продажба

Ден 9–10

Основите накратко, а тежината на она што вреди за зрел бизнис: предвидлив приход (повторени купувања, систем за препораки) и продажба што не зависи само од Вас — инка, скрипта и едноставно следење на потенцијални клиенти.

06

Систем и независност

Ден 11–12

Сè се спојува во систем: извештаи, чек листи, хиерархија, правилник. Централен документ е матрицата на независност — по област (операции, продажба, финансии, тим, клиенти) утврдуваме што денес може само Вие, на кого преминува и до кога. Завршува со конкретен 90-дневен план.

Што добивате

Документи, алатки и прирачник што остануваат кај Вас.

  • 41 работен документ — прирачник, презентации, шаблони во Word и Excel, чек-листи и обрасци M1–M6. Сите остануваат Ваши, засекогаш.
  • Стратешки профил на 1 страница
  • Матрица на независност — што зависи од Вас, на кого преминува, до кога
  • Конкретен 90-дневен план за првите чекори
  • Матрица на овластувања и првите пишани процедури
  • Контрола: 5–7 месечни бројки + 13-неделен готовински тек
  • Инка, скрипта и систем за следење на потенцијални клиенти
  • Работен прирачник што останува кај Вас
Што велат сопствениците

Искрен збор од сопственици што ја завршиле Програмата.

„Ме натера повторно да размислувам стратешки и да делувам практично и ефикасно кон остварување на целите. Веќе ја препорачав на неколку пријатели со бизнис."
— Сопственик на компанија за трговија · завршена Програма
„Едноставно и разбирливо, и веднаш применливо. Ги идентификуваше и ги отвори клучните проблеми, наместо да остане на теорија. Ја поминав програмата со мојот партнер, а работите што ги научивме таму ги користам и денес, три години подоцна. Ја имам препорачано на многумина."
— Сопственик на неколку бизниси · завршена Програма
„Ја превземам семејната фирма и сакам да ја однесам на следното ниво — не само да го одржувам бизнисот кој го имаме сега. Програмата ми даде практично знаење и системи за тоа. Ја завршив пред околу четири години и се уште ги користам работите што ги научив."
— Сопственик од втора генерација · завршена Програма
Ден 13–14 · Проверка на независноста

Се враќаме 30–60 дена подоцна.

Се одржуваат 30–60 дена по завршувањето, кога веќе имате време за примена. Заедно го прегледуваме извршувањето на 90-дневниот план, ги отстрануваме пречките и ги поставуваме следните чекори.

Од искуство, ова е еден од највредните делови од програмата.

Формат на работа
Апликација на Бизнис Клиника

Сè на едно место, и за време и по програмата.

Секој клиент добива свој пристап до апликацијата на Бизнис Клиника — четири редовни делови плус една што ја повторувате на крајот.

Задачи

Што се работи до следната сесија, со рок, по модул. Ништо не се губи меѓу два термина.

Распоред

Сите 14 термини, по модул, со статус: што е одржано, што следи.

Материјали

Прирачник, презентации и шаблони. Секој модул се отклучува откако ќе бидат одржани неговите две сесии — за да работите по ред, не сè одеднаш.

Извештај

Вашата детална проверка на бизнисот, достапна цело време.

Нова проверка

Црно на бело гледате што се променило.

На крајот ја повторувате проверката. Сите верзии остануваат зачувани — почетната и секоја наредна — па напредокот се гледа во Вашите бројки.

Апликација на Бизнис Клиника — Извештај-екранот со проверката на бизнисот и оценка по домени.
Ова е работа, не семинар

„Не очекував дека е вака детално и практично."

Најчестата реакција по првите сесии: „не очекував дека е вака детално и практично — има многу работа за мене."

Точно така е. Меѓу сесиите има домашна задача. Се работи на Вашите вистински бројки, Вашите вистински клиенти и Вашите вистински проблеми.

Не ја работиме работата наместо Вас. Ве водиме низ неа — за следниот пат да можете сами.

Закажете 30-минутна средба.

Само разговор за тоа дали програмата е добра рамка за Вашиот случај. По разговорот добивате препорака за следните чекори, со или без програма.