← Сите ресурси

Зошто ја направивме Проверката на бизнисот

Повеќето сопственици со кои разговараме знаат дека нешто не е во ред. Го чувствуваат — работат премногу, месецот завршува подобро или полошо без јасна причина, растот е бавен. Но кога ќе ги прашате што точно е проблемот, одговорот е нејасен. А тешко е да поправите нешто што не можете да го именувате.

Затоа ја направивме Проверката на бизнисот — бесплатна, дваесет и осум прашања, околу петнаесет минути. Не за да Ви дадеме уште еден општ совет, туку за да ја претвориме таа празнина во конкретна слика: каде точно е слабата точка, и во кој дел од бизнисот вреди да се вложи труд прво.

Општиот совет не помага

„Треба да делегираш повеќе." „Треба да работиш на маркетинг." „Треба подобри системи." Сето тоа може да е точно — и сепак бескорисно, затоа што не Ви кажува од каде да почнете. Секој бизнис има ограничена енергија и време. Ако ги вложите во погрешниот дел, се движите, но не напредувате.

Проверката е конструирана да ги мери четирите домени што најмногу одредуваат дали бизнисот работи здраво: улогата на сопственикот, подготвеноста на системите, контролата над бизнисот и пазарната реалност. Резултатот не е една оценка — туку профил по домени, со доминантен шаблон и приоритет.

Што мерат четирите домени

Секој домен покажува различна страна на истиот бизнис, и слабоста ретко е рамномерна:

  • Улога на сопственикот — колку бизнисот зависи од Вас лично. Ова е доменот што најчесто излегува како најкритичен.
  • Подготвеност на системите — дали работата се потпира на процеси или се е во главата; што се случува кога клучното лице го нема.
  • Контрола над бизнисот — дали ги гледате бројките навреме и носите одлуки со нив, или реагирате откако проблемот веќе се случил.
  • Пазарна реалност — колку е сигурен приходот, каде е концентриран и колку е здрава Вашата позиција.

Целта не е да имате совршен резултат во сите четири полиња. Целта е да знаете кој домен Ве држи назад — затоа што работа на веќе силен домен ретко го поместува бизнисот.

Симптом наспроти корен

Најголемата вредност од анализа на бизнис-моделот е што Ве спречува да го лекувате симптомот наместо изворот. „Продажбата падна" е симптом. Причината може да е сосема на друго место — во тоа што нема систем, во тоа што сè зависи од една личност, во тоа што цената не ја покрива вистинската маржа.

Во Програмата за ова користиме едноставна, но моќна техника — „5 Зошто". За секој проблем прашувате „Зошто?" пет пати по ред. Одговорот на петтото „Зошто" е обично вистинскиот проблем. Проверката Ви кажува во кој домен да копате; „5 Зошто" Ви кажува колку длабоко.

Симптом: „Продажбата ни е намалена" Зошто? — Клиентите одат кај конкуренцијата Зошто? — Конкуренцијата нуди достава Зошто? — Немаме систем за нарачки Зошто? — Никогаш не сме имале рок Зошто? — Работиме само на локација Корен: бизнисот е врзан за локацијата
Продажбата паднала — но вистинскиот проблем е неколку слоја подолу. Проверката покажува во кој домен да копате.

Зошто анализата на моделот носи реална корист

Кога знаете точно каде е слабата точка, три работи стануваат полесни:

  • Приоритет. Престанувате да работите на сè одеднаш и се фокусирате на една активност што носи најголем ефект.
  • Мерливост. Имате почетна точка. За шест месеци можете да ја повторите проверката и да видите дали токму тој домен се подобрил.
  • Реалност. Бизнисот на хартија е безвреден — вредноста е во искрената слика. Затоа прашањата се конструирани да ја покажат состојбата каква што е, не каква што сакаме да биде.

Проверката не е оценка за тоа колку сте добар како сопственик. Тоа е снимка на состојбата во еден момент — почетна точка. Резултатот што најмногу изненадува е обично и најкорисниот.

Што да направите со резултатот

Пополнете ја проверката. Погледнете го најслабиот домен. Применете „5 Зошто" на конкретен проблем во тој домен додека не стигнете до корен што звучи вистинито. Потоа изберете една акција — една, не десет — и завршете ја оваа недела. Тоа е повеќе отколку што прават повеќето бизниси во една година.

Ако профилот покаже дека сте Вие тесното грло, поврзан текст е зошто зависноста од сопственикот е најголемиот проблем и што се прави за тоа.

Ако сакате да видите каде е Вашиот бизнис денес — без обврска и без презентации — започнете со бесплатната Проверка на бизнисот: дваесет и осум прашања, околу петнаесет минути, и добивате јасна слика по домени.

Дознајте каде стои Вашиот бизнис.