Не продаваме „вештачка интелигенција". Земаме конкретен процес во бизнисот што се повторува и одзема време — и го преправаме така што трае пократко и дава повеќе контрола. Го користиме само она што сами сме го направиле.
Целта не е „да имате AI". Целта е помалку рачна работа и повеќе контрола врз тоа што се случува.
Правиме процена на процесите што трошат најмногу време.
Одбираме еден повторлив процес што носи вистинска заштеда.
Го тестираме на реални податоци.
Тимот го користи секој ден; Вие добивате повеќе контрола.
Извлекување податоци од фактури, изводи и договори без рачно препишување.
Редовните извештаи се составуваат сами, Вие само ги читате.
Спојување и чистење податоци од повеќе извори во една употреблива табела.
Први нацрти на често исти пораки и одговори, готови за преглед.
Автоматско означување на грешки, отстапувања и работи што бараат внимание.
Само разговор за тоа каде AI може да носи вистинска заштеда во Вашиот бизнис. По разговорот добивате препорака — со или без ангажман.