Искусен финансиски или комерцијален директор во Вашиот тим — вграден, по потреба, без полно работно време.
Идентификација на потребите и услуги.
Целосна анализа и детален преглед на процесите и историјата за да поставиме основа.
Неделни, месечни и квартални циклуси со тимот.
Бројки врз база на кои може да одлучувате и завршени задачи од кои се гледа напредокот.
Ги претвораме бројките во јасни и корисни, поставувајќи основа на која може да градите.
Поставуваме годишен буџет и го споредуваме со реалноста секој месец.
Предвидување на готовината неколку недели однапред, за да нема изненадувања.
Ги спојуваме бројките на начин на кој му треба на бизнисот.
Редовени финансиски извештај проследен со кометари и насоки.
Финансиска проценка пред да влезете во нова инвестиција, локација или производ.
Престанувате да гледате бројки и почнувате да ја гледате приказната зад нив — со што да продолжите, што да промените, а што да елиминирате.
Раст со систем, не само со безброј иницијативи. Продажбата станува процес што се повторува и мери — не зависи од состојбата на пазарот или од Вас лично.
Јасен план: кому продаваме, како, и по кој редослед.
Поставуваме мерки за продажбата и редовно ги следиме.
Поставуваме цели за тимот и систем на наградување што носи резултат.
Помагаме при отворање и тестирање на нови канали за продажба, но и ги оптимизираме постоечките.
Продажбата станува повторлив процес, не збир на поединечни.
Продажбата станува предвидлива — знаете од каде доаѓа следниот приход и што го движи, наместо да се посакувате да има добар месец.
Брз преглед на бројки, KPI и pipeline. Отворени прашања и приоритети.
Целосен преглед — буџет наспроти реалност, резултати наспроти цели.
Стратешко планирање, приоритети и цели за наредното тримесечје.
За сопственици што растат, но веќе не можат сами да ги држат сите бројки и целата продажба во глава — а сè уште не им треба (или не можат да си дозволат) директор со полно работно време.
Само разговор за тоа што Ви треба и дали „Експерт по потреба" е соодветна рамка. По разговорот добивате препорака — со или без ангажман.