Замислете дека одите на одмор две недели и не ја отворате поштата. Кога ќе се вратите, дали бизнисот е онаму каде што го оставивте — или Ве чека куп одлуки што никој друг не смеел да ги донесе?
За повеќето сопственици, одговорот е второто. И тоа не е знак дека тимот е слаб. Тоа е знак дека целиот систем сте Вие.
Кога бизнисот расте органски, сопственикот природно ги знае сите одговори — кој клиент што сака, како се прави понудата, зошто нешто се работи баш така. Тоа знаење никогаш не се запишува, зашто нема потреба: секогаш е тука, во една глава. Проблемот се појавува кога таа глава е единствената што го има.
Во нашите проверки ова се гледа јасно. Просечниот резултат е 42 од 100, а речиси 6 од 10 бизниси имаат ист образец — сопственикот е тесното грло низ кое мора да помине секоја важна одлука. Приходот може да е добар, производот исто. Но вредноста на таквиот бизнис е ниска, зашто без сопственикот, тој не работи.
Добрата вест е што ова е решливо, и не бара драматични промени. Почнува со три работи:
Прво, мерете. Не може да се поправи она што не се гледа. Едноставна контролна табла со неколку бројки што ги гледате секоја недела е повеќе отколку што има мнозинството.
Второ, запишувајте. Клучните процеси — како се прави понуда, како се прима нов клиент, како се решава рекламација — треба да постојат надвор од Вашата глава. Не како книга од сто страни, туку како јасни чекори што некој друг може да ги следи.
Трето, делегирајте одлуки, не само задачи. Разликата е суштинска. Кога тимот може да одлучува во рамки што сте ги поставиле, престанувате да бидете тесно грло.
Ништо од ова не се случува преку ноќ. Но секој чекор Ве прави помалку неопходни за секојдневието — а тоа е токму она што прави еден бизнис да вреди.